Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави поширокиот список од 28 ракометари, на кои ќе смета за двете бараж средби за пласман на Светското Првенство 2019 против селекцијата на Романија. Меѓу повиканите се и ракометарите на Еурофарм Работник: Ојлески, Дрогришки и Крстевски
Повикани ракометари за баражот со Романија:
Голмани:
Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Јане Цветковски
Бекови:
Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Ласко Андоновски, Томислав Јагуриновски
Крила:
Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Димитар Димитриоски
Кружни напаѓачи:
Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Костадин Петров
Сениорската машка репрезентација двете средби од баражот за СП против Романија ќе ги одигра на 10 и 13 јуни 2018. Првата средба на 10 јуни се игра во СЦ „Борис Трајковски“, додека реваншот на 13 јуни ќе се одигра во градот Клуж.