Со домашна победа над Охрид, ракометарите на Еурофарм Работник се простија од домашните навивачи. Дури во финишот екипата на Илија Темелковски го скрши отпорот на жилавите охриѓани, кои се покажаа дури и подобро од предвидувањата.
Еурофарм Работник - Охрид 28-26 (14-14)
Спортска сала: „Младост“ - Битола. Гледачи: 1.000.
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.
Еурофарм Работник:
Ивановски, Умовист, Ристевски, Ојлески 6, Петровски, Пецаковски 4, Талевски, Чурлевски 2, Мојсоски 3, Мемиќ, Кукоски, Крстевски 1, Дрогришки 4, Граџан 4, Кузмановски 3, Петровски 1.
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 10 мин.
Охрид:
Трајкоски, Колев, Ѓорѓиевски, Андоноски 5, Ивановски, Младеновски 4, Блажески 4, Ристески, Костов, Јанчев 2, Тасески, Кобетиќ 6, Андоновски, Димитриески, Димитријески 5.
Седмерци: 6/9
Исклучуања: –
Без разлика на исходот во последното коло, следниот викенд, Еурофарм Работник втора година по ред ќе ја претставува Македонија во европските Купови.