Ракометарите на Металург го совладаа Еурофарм Работник со 29-27 (13-12) и го осигураа второто место на табелата во плеј-офот. Во дуел во кој решаваа нијански, поискусната екипа на Јовиќ стигна до победата и вицешампионската титула.
Спортска сала „Автокоманда“ - Гледачи: 200
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски (Скопје)
Meталург - Еурофарм Работник 29-27 (13-12)
Металург:
Томовски, Даниловски, Маџовски, Јагањац 7, Димитриоски 1, Токиќ 7, Шилегов, Танкоски 1, Серафимов, Кузмановски 5, Илиќ 2, Велковски 5, Пешевски 1, Гуглета, Лазаревски, Арсеновски
Седмерци: 8/3
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Работник:
Ивановски, Умовиц, Ојлески 2, Трајковски, Петровски, Пецаковски 4, Талевски, Чурлевски, Мојсоски 2, Мемиќ, Кукоски, Крстевски, Дрогришки, Граџан 11, Кузманоски 4, Петровски 4
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 6 минути