Металург е вториот финалист во Купот на Македонија, откако вечерва го совлада тимот на Еурофарм Работник, со убедливи 28-21 (15-11). За разлика од претходниот дуел за бодови, овој пат Металург водеше од првата до последната минута и обезбеди место во натпреварот за титулата против Вардар.
Еурофарм Работник – Металург 21-28 (11-15)
Спортска сала: „Младост“ во Битола. Гледачи: 2.000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.
Еурофарм Работник:
Ивановски, Умовиц, Ојлески 2, Трајковски 2, Петровски, Пецаковски, Талевски, Чурлевски 1, Мојсоски, Мемиќ, Кукоски, Крстевски 1, Дрогришки 8, Граџан 4, Кузманоски 1, Петровски 2
Седмерци: 1/2
Исклучувања: 6 минути
Металург:
Томовски, Даниловски, Маџовски 1, Јагањац 5, Димитриоски 2, Токиќ 3, Шилегов, Танкоски, Серафимов 2, Кузмановски 5, Илиќ 1, Велковски 4, Пешевски 4, Гуглета, Лазаревски 1, Арсеновски
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 8 минути
Финалето се игра в недела од 16.30 часот во спортската сала „Младост“.