Новата подлога блесна во спортската сала „Младост“ во Битола и само часови ја делат од официјалното деби на завршниот турнир на Купот на Македонија во ракомет за мажи. Ракометната федерација на Македонија, двата битолски клуба, Пелистер и Еурофарм Работник се погрижија за максимални услови и ракометен празник во Битола.
Фајнл Фор турнирот во машка конкуренција ќе се игра во Спортската сала „Младост“ во Битола на 18 и 19 мај 2018 година. Полуфиналните натпревари на во петок (18 мај) ќе започнат од 16.30 и 19.15 часот, додека финалето во сабота ќе се игра од 16:.30 часот.
Куп на Македонија, Мажи – Спортска сала „Младост“, Битола
Полуфинале:
РК Еурофарм Работник – РК Металург
РК Вардар – РК Пелистер
Финале:
Сабота - 16.30