Еурофарм Работник за првпат во плеј-офот е поразен на домашен терен, откако очекувано капитулираше против првакот на Европа, Вардар. Фаворитот одигра колку што беше доволно за да запише нови значајни бодови во борбата за математичка потврда на титулата.
Еурофарм Работник - Вардар 22-39 (11-19)
Спортска сала „Младост“ - Битола. Гледачи: 2.000
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски
Еурофарм Работник:
Умовиц, Ф. Ивановски, Ојлески 5, Трајковски 2, Петровски 1, Талевски 2, Чурлевски 2, Ивановски, Мојсоски, Мемиќ 1, Кукоски, Крстевски 3, Дрогришки 6, Граџан 4, Кузманоски 2, Петровски
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути
Вардар:
Штербик, Стоилов 6, Поповски, Кристопанс 7, Мораес 1, Ѓоргевски, Карачиќ 3, Абутовиќ, Кањељас 3, Циндриќ 8, Чупиќ 4, Дибиров 4, Шишкарев 2, Борозан 1
Седмерци: 7/4
Исклучувања: 4 минути
Во следното коло Еурофарм Работник во директен дуел за втората позиција гостува кај Металург во Скопје.