Ракометарите на Еурофарм Работник ја покажаа својата моќ и авторитетно го совладаа Пролет во рамките на петтото коло на плеј-офот на шампионатот на Македонија.
Еурофарм Работник - Пролет 33-20 (13-11)
Спортска сала: „Младост“ - Битола. Гледачи: 1.000
Судии: Глигор и Спаско Ќаеви од Скопје
Еурофарм Работник:
Ивановски, Умовист, Ојлески 6, Трајковски 1, Петровски 1, Талевски 1, Чурлевски 4, Мојсоски 3, Мемиќ, Кукоски, Крстевски 4, Дрогришки 3, Граџан 5, Кузманоски 4, Петровски 1, Мскaвилидзе.
Седмерци: 1/2
Исклучувања: 12 минути
Пролет:
Кимевски, Коруновски, Кристо, Ф. Василевски 1, Аларов, Јовчевски 1, Давитковски, Мајнов, А. Василевски 3, Ролевски 1, Трајковски 3, Андоновски 5, Џонов 1, Дамчевски 1, Стојановски, Манасков 4.
Седмерци: 4/5
Исклучувања: 12 минути
Во следното коло в среда се игра градското дерби меѓу Еурофарм Работник и Пелистер.