Ракометарите на Еурофарм Работник ја запишаа третата победа во четвртиот натпревар од плеј-офот на Суперлигата. Тие со водство во текот на сите 60 минути донесоа значајни три бода од Охрид.
Охрид - Еурофарм Работник 21-26 (12-15)
Спортска сала: СЦ „Билјанини извори“ - Охрид. Гледачи: 1.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје
Охрид:
Трајкоски, Колев, Ѓорѓиески, Андоноски 3, Ивановски, Младеновски 2, Блажески 4, Костов, Ристески, Спасовски, Јанчев 3, Тасески 2, Кобетиќ 7, Андоновски, Димитријески.
Седмерци: 3/5
Исклучувања: 10 минути
Еурофарм Работник:
Ивановски, Умовист, Ојлески 4, Трајковски, Пецаковски, Талевски, Чурлевски, Мојсоски 5, Мемиќ, Кукоски, Крстевски 2, Дрогришки 5, Граџан 5, Кузманоски 3, Петровски 2, Мсквилидзе.
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 12 минути.