Ланскиот финалист на Купот, Еурофарм Работник е првиот полуфиналист на Купот на Македонија. Битолскиот суперлигаш е победник на групата во Битола, на која беше организатор, откако во еден ден запиша две победи.
Четвртфинална група
Прилеп - Еурофарм Работник, 21-36
Струга - Радовиш, 27-32
Еурофарм Работник - Радовиш 28-25
Ојлески 7, Дрогришки 5
Своите противниции Еурофарм ќе ги дознае овој викенд кога ќе бидат комплетирани двете скопски групи. Завршниот турнир на Купот на Македонија ќе се одржи на 19 и 20 мај.