Пред денешниот натпревар од третото коло на плеј-офот на Суперлигата против Металург вчера прес-конференција одржа организаторот на натпреварот, РК Еурофарм Работник. Пред новинарите говореа тренерот и двајца ракометари од надворешната линија.
Еве ги нивнитте размислувања:
Илија Темелковски:
Ваков натпревар сите посакуваме во Битола, да гостува една квалитетна екипа која има големо реноме и ќе биде предизвик да се игра против неа. Сите го знаеме квалитетот на екипата на Металург, а за време на паузата направивме анализа и добро се подготвивеме. Во оваа прилика би го повикал сите љубители на ракометот во Битола, нашата публика, сите битолчани, а би упатил и покана до „Чкембарите“, бидејќи и ние сме битолска екипа, да ја наполниме салата, а ни треба и помош и од публиката.
Гoран Кузманоски:
Ни претстои важен натпревар во кој влегуваме по паузата по натпреварот со Вардар, која ја искористивме за мини подготовки, а првата седмица беше навистина напорна. Ќе дадеме максимум, играчите ќе бидат мотивирани, а сигурно и салата ќе биде полна. Маталург е млада, но искусна екипа, со оглед на тоа што играат квалитетни натпревари, од Лигата на шампиони и СЕХА лигата, а тоа значи дека се добро воиграни. Имаме 14-15 квалитетни ракометари, замена на секоја позиција, од кој ќе зависи крајниот резултат утре, посебно од одбраната.Јас лично посакувам победа со која ќе ни се оторат вратите за излез во Европа.
Горан Крстевски:
Металург е фаворит, но домашниот терен и добрата анализа, како и секоја понудена шанса ќе ја искористиме за победа. Имаме и ние квалитетни ракометри кои имаа одиграно тешки натпревари, а со нивното искуство се надеваме на победа.
Натпреварот почнува попладнево од 18.30 часот.