РК Еурофарм Работник ги повикува своите навивачи и симпатизери на натпреварот од третото коло на плеј-офот на шампионатот на Македонија против Мталург в сабота од 18.30 часот. Ова е прво соочување сезонава со вицешампионот, кој во првите две кола забележа две победи против Пролет и Охрид.
Еурофарм Работник ќе настапи во скоро комплетен состав, со опоравениот Горан Крстевски и двете зимски засилувања Михајло Петровски и Горан Кузманоски. Натпреварот е убава можност за проверка на силите со учесник во СЕХА лигата и екипа со голема традиција во македонскиот ракомет.
Во првите две кола РК Еурофарм Работник забележа една победа и претрпе еден пораз. Приходот од натпреварот како и претходно ќе биде дониран во хуманитарни цели.