Ракометарите на Еурофарм Работник парираа колку што можат, но сепак го претрпеа првиот пораз во плеј-офот на Супелригата. Избраниците на Илија Темелковски загубија од Вардар во Скопје со 38-29 во дуел во кој битолчани во вториот дел беа порамноправни за разлика од првиот дел.
Вардар - Еурофарм Работник 38-29 (18-8)
Спортски центар „Јане Сандански“ - Скопје. Гледачи: 300
Судии: Металари и Николовски (Скопје)
Вардар:
Штербик, Ѓорѓевски, Милиќ (5 одбрани); Стоилов 1, Недановски 2, Поповски 8, Кристопанс 7, Мораеш 2, Македа 4, Канељас, Чупиќ 2, Дибиров 2, Борозан 6, Војводиќ 3, Марсениќ 1
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Работник: Умовиц, Ивановски; Ојлески, Трајковски, Пецаковски 2,Талевски 3, Чурлевски 4, Мојсоски 2, Мемиќ 2, Крстевски 1, Дрогришки 2, Граџан 5, Кумановски 2, Петровски 2, Мсквалидзе 4
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 2 минути
По првите две кола екипата на Еурофарм Работник има една победа и еден пораз. Суперлигата продолжува на 21 и 22 април со натпреварите од третото коло.