Во рамките на второто коло на плеј-офот на Суперлигата, Еурофарм Работник првото гостување ќе го има на теренот на европскиот првак Вардар. Двата клуба се договорија да го одиграат меѓусебниот дуел в петок на 30 март во 17.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Така двете екипи ќе ги завршат своите обврски пред ЕХФ неделата во која македонската репрезентација ќе се соочи со Русија во затворен натпревар во Скопје. Овие две екипи победија во првото коло од плеј-офот, откако Еурофарм Работник го доби градското дерби, а Вардар беше подобар од Охрид.
Овие две екипи се сретнаа и во Суперкупот на Македонија во кој Вардар беше подобар од Еурофарм Работник.