Ракометарите на Еурофарм Работник го совладаа Пелистер во првото градско дерби во 2018 година, откако во убав амбиент се радуваа со 22-25.
Пелистер - Еурофарм Работник 22-25 (12-12)
Спортска сала Младост Битола (Гледачи: 3500)
Судии: Ѓорги Начевски, Славе Николов (Скопје)
Пелистер: Јовановски, Брауновиќ, Ристевски, Петров, Јагуриновски 1, Маџовски 2, Рајатовски, Чантурија 9, Димитровски 1, Апостоловски, Чуриќ 4, Орјоникидзе, Митревски 4, Ивановски, Митиќ, Везенковски 1
Исклучувања: 10 минути
Седмерци: 7/6
Еурофарм Работник: Умовиц, Ивановски, Ојлески 3, Трајковски, Петровски, Пецаковски 7, Талевски, Чурлевски, Мојсоски 1, Мемиќ, Кукоски, Дрогришки 4, Граџан 3, Кузмановски 2, Петровски 5, Мскхвилидзе
Исклучувања: 14 минути
Седмерци: 5/3
Со оваа победа Еурофарм Работник се доближи до лидерот на табелата во Суперлигата, Пелистер.