По пролетниот старт и победата над Борец, РК Еурофарм Работник двапати ќе игра во Битола оваа недела. Во рамките од 16. коло в среда од 17.00 часот следува дуелот со РК Прилеп во спортската сала „Младост“ во Битола, а в сабота следи и битолското дерби против Пелистер.
На овие натпревари РК Еурофарм Работник го очекува дебито на новото засилување, Горан Кузманоски, кој пристигна од романскиот Одорхеи. Исто така од вчера во стручниот штаб на Илија Темелковски се приклучи Ице Соколески, кој ќе работи со него во продолжение од сезоната.
РК Еурофарм Работник ги повикува љубителите на ракометот во спортската сала „Младост“.