РК Еурофарм Работник е спремен да испише историја во европските купови. Младиот клуб прв пат презими во Европа, а сега сака пласман во четвртфиналето на Челинџ Купот. Тренерот Илија Темелковски денес ги собра ракометарите на видео следење на противникот Филинген Берген. Искусниот стручњак веднаш потоа пренесе како играат Норвежаните.
„Филинген Берген е типичен скандинавски тим. Нивните ракометари многу трчаат, сакаат брза игра и лесни голови. Треба да играме позициона игра против нив. Немавме многу тренинг натпревари, но спремни сме. Ги повикувам гледачите и ракометна Битола да ни помогнат да дојдеме до четвртфиналето“, вели тренерот.
Билети за натпреварoт Еурофарм Работник - Филинген Берген веќе можете да набавите по цена од 50 денари во трафиката „СНЕКИ НОВА" која се наоѓа наспроти спортската сала Младост и на билетарницата пред почетокот на натпреварот.
Еурофарм Работник - Филинген Берген
Сабота 10.02.2018 – 19.00 часот – спортска сала „Младост“ Битола
Судии: Марко ди Доменико и Лоренцо Форнасие од Италија.
Делегат: Кеан Сиврикаја од Турција.