Еурофарм Работник го донесе првото засилување во новата 2018 година, откако денес потпиша со некогашниот ракометар на Пелистер, Михајло Петровски. Десниот бек се враќа од Унгарија во македонската Суперлига и ќе претставува големо засилување за екипата на Илија Темелковски.
34-годишниот Петровски покрај за битолскиот суперлигаш, го носеше дресот и на Вардар, Констанца, настапуваше и за Архус од Данска, кратко во Франција и Балатонфуреди и Дабас во Унгарија.
Доведувањето на Петровски е замена за Мајнов, кој си замина во првиот дел од сезоната, па така со уште еден искусен ракометар Еурофарм Работник ќе биде само посилен во вториот дел од сезоната. Петровски ќе биде пријавен и за четвртфиналето на Челинџ Купот против Берген од Норвешка.