Ракометарите на Еурофарм Работник ја продолжија победничката серија во Суперлигата и забележаа уште еден убедлив триумф, овојпат на гостувањето во Автокоманда, над Металург 2 со 21-35 (8-17).
Само во првите петнаесетина минути, младиот состав на „металурзи“ успеваше да му парира на противникот и да држи чекор (5-6). Но, потоа следуваше серија од 4-0 гола на гостинскиот состав кој уште во 20 минута успеа да се одлепи и до крај остана во сигурна позитива. На полувремето битолчани веќе имаа сигурни +9 (8-17).
Домашните ракометари ниту во вториот дел не беа моќни да му се спротистават на поискусниот противник, иако по смената на поставите на теренот видовме дека Металург 2 со повеќе амбиција и таталентирани момчиња.
Најдобри во победничкиот состав беа Дрогришки и Ојлески со по седум голови, а пикерот Трајковски се истакна со 6, додека одлични беа и голманите Умовец и Ивановски. Кај Металург четири голови даде Шилегов, а по три запишаа Танкоски и Серафимов.