Еурофарм Работник го доби дербито со Охрид во 11. коло од Суперлигата, победувајќи го домашниот состав со 29-23 (12-14). „Фармацевтите“ минимална предност имаа во четири наврати на стартот од мечот, а „гладијаторите“ прв пат до егал дојдоа на 4-4.
Изедначувањето на семафорот значеше почеток на голгетерска серија на Охрид со која стигна до плус четири (10-6).
Минутата одмор ги „разбуди“ гостите кои одговорија со 6-0 и преземање на водството 12-10. До крајот на првиот дел двете екипи постигнаа по два голови за 14-12. Отпорот на домашниот тим беше скршен на почетокот од второто полувреме.
Дрогришки набрзина постигна три погодоци, а тренерот на Охрид, Андоновски, побара тајмаут при 16-19, домаќините се обидоа и со „седум на шест“, но одбраната на Работник поставена од Илија Темелковски функционираше одлично, па гостите од Битола заслужено триумфираа со убедливи 23-29.
Најдобар поединец во гостинскиот тим беше Гоце Ојлески со 10 голови, а 6 даде Дејан Пецаковски. Кај Охрид се истакна Блажески со 7, а Бирдахиќ даде 5 гола.