Битолски Еурофарм Работник од Битола веќе пристигна во Каунас, каде в сабота од 16.00 часот во рамките на третата.рунда во Челинџ купот ќе го игра реваншот против Гранитас Каунас, во кој ќе влезе со предност од 28-24.
Момците на Темелковски синоќа имаа тренинг и запознавање со условите во Каунас.
Доколку мисијата биде успешна, Работник во вторник ќе го добие противникот за осминафиналето напролет. Во среда во Охрид ќе го одиграат заостанатиот натпревар од 11. коло на Суперлигата.