Maкедонскиот претставник во Челинџ Купот, Еурофарм Работник извојува победа од 28-24 (12-8) против литванскиот претставник Гранитас Каунас и пред реваншот следната сабота има предност од четири гола разлика.
Во втората половина од првиот дел избраниците на Илија Темелковски се одлепија. Златко Мојсоски погоди од крилна позиција, а украинскиот голман Умовиц одбрани два седмерци. Така, по неубедливиот почеток, Еурофарм Работник на полувреме замина со 12-8. Талевски ги раздвижи домаќините и во 36. минута поведоа со највисоки +6. Тренерот на Гранитас Новицкис реагираше и постави „фластер“ на Дрогришки и Литванците со серија од 3-0 намалија на 15-12 во 40. минута.
Ојлески и Мојсоски на почетокот од вториот дел врзаа серија на голови. за 22-16 во 51. минута. Еурофаарм Работник беше во налет, но кога остана со човек помалку значајни голови постигнаа Талевски и Мојсовски за 25-20 на пет минути до крајот. Во игра гол за гол дуелот заврши со гол на Древникос за 28-24 за македонскиот претставник.
Возвратниот натпревар се игра следната сабота попладне во Литванија.
Темелковски: Бевме брзотлети можевме да славиме и поубедливо
Жалам што не извојуавме поубедлива победа, бидејќи имавме напад за +6, избрзавме и примивме гол во последната секунда. Мора да бидеме поконцентрирани во вакви ситуации и не треба да грешиме на очигледен начин. Но, сега знаеме како игра Гранитас, знаеме дека нивните бекови шутираат од сите позиции, а ние ќе бидеме посилни и за Крстевски, кој денес не можеше да настапи. Во вториот дел го повлеков Мсквилидзе, игравме без левак, бидејќи противникот дејствуваше брзо и ми беше потребен ракометар кој може да игра во два правци. Сепак, не сум песимист, не очајуваме, верувам дека со добра пристап можеме да славиме и во Литванија.