Голманот на Еурофарм Работник, Градимир Чаневски успешно беше опериран во Скопје, откако пред неполн месец ги скина лигаментите од коленото на натпревар од Суперлигата против Пролет. Чаневски го чека долга пауза и се предвидува на терените да се врати на почетокот од следната сезона.
Чаневски ја минува втората сезона на голот на битолскиот суперлигата, откако на почетокот од минатата сезона дојде во Еурофарм Работник.
Клубот му посакува брзо заздравување и враќање на ракометните терени.