Еурофарм Работник своето деби во ЕХФ натпреварувањата ќе го имаат во Челинџ Купот, а таму ќе се сретнe со литванскиот тим, Гранитас Каунас.
Првиот натпревар ќе се игра во Битола на 18 ноември со почеток од 19.00 часот, додека реванш мечот е закажан седум дена подоцна, на 25 ноември во Каунас со почеток во 16.00 часот.
Во Битола правдата ќе ја дели романската двоја, Пирву и Потирниче, додека мечот во Литванија им пропадна на браќата Агакиши од Азербејџан. Противникот на избраниците на Темелковски не е познато ракометно име во Европа, но судејќи по настапите во домашното првенство каде сè уште нема пораз, сигурно се работи за квалитетен тим и никако не смее да се потцени.