Еурофарм Работник постигна договор со 32-годишниот Евгениј Умовиц, украински интернационалец, кој настапувал за Запорожјте во Украина, во Лубанск, Вороњеш и Римаки во Финска и во турски Трабзон.
Тој ќе му се приклучи на Филип Ивановски, кој беше одличен во Прилеп во саботата, но за да не остане само со еден голман, бидејќи повредата на Чаневски е сериозна, клубот го доведе Украинецот Умовиц.
Украинецот веќе тренира во Битола и ќе дебитира утре против Пелистер во натпреварот од 8. коло.