Гостинска победа и значајни бодови носат ракометарите на Еурофарм Работник на новиот тренер Илија Темелковски од незгодното гостување кај Прилеп. Во еден од највозбудливите натпревари од 7. коло на Суперлигата, „фармацевтите“ славеа со 14-19 (7-8). Со исклучок на ремито со Охрид и поразот од пролет, битолчани ги добија сите останати натпревари и се наоѓаат во групата на водечки тимови.
Тимот на Ице Соколески во првиот дел беше рамноправен противник, се играше тврдо и ниту една од екипите не се одлепи. Подолгата клупа на битолчани дојде до израз и одлучи околу победникот. Голманот на битолчани, Ивановски кој одбрани 18 топки. Ojлески со 7 и Крстевски со 4 гола беа најефикасни во победничкиот тим, а Тренчески, Бозароски и Шајин постигнаа по три гола кај поразениот состав. За Еурофарм Работник дебитираа новајлиите Мсквалидзе и Граџан.
Наредниот викенд се игра првото градско дерби оваа сезона, а Еурофарм Работник ќе биде домаќин.