Битолскиот суперлигаш, Еурофарм Работник доведе нов ракометар за продолжението на сезоната во Суперлигата и Челинџ Купот. По потписот на 31-годишниот, Рати Мсквилидѕе, од денес нов член на клубот од Битола е Елмир Граџан од Босна и Херцеговина.
24-годишниот Граџан ги мина сите младински категории на ракометната репрезентација на БиХ, а запиша и неколку настапи за А-селекцијата.
Во тимот на новиот стратег Илија Темелковски, новото засилување ќе дебитира в сабота во Прилеп.