Битолскиот суперлигаш Еурофарм Работник го именува својот нов тренер на следните две сезони. Клубот потпиша договор со Илија Темелковски, кој веднаш ќе го преземе кормилото на клубот и ќе го наследи Андон Бошковски .
„Со голема чест и задоволство ја информираме спортската јавност дека за нов тренер на РК Еурофарм Работник е назначен Илија Темелковски. Докажаниот ракометен тренер и поранешниот селектор на машката младинска и сениорска ракометна репрезентација, потпиша двогодишен договор со нашиот клуб. Предизвиците и зацртаните цели на екипата во оваа сезона се големи. Раководството на клубот смета дека со изборот на Илија Темелковски за прв тренер на екипата зацртаните предизвици и цели ќе се остварат во целост“, се вели во клупското соопштение.
Утрово клубот и Андон Бошковски постигнаа договор за спогодбен раскин на договорот.