РК Еурофарм Работник ја раскина соработката со досегашниот тренер г-дин Андон Бошковски. Причините за раскинување на соработката се од лична и спортска природа на тренерот. Раководството на РК Еурофарм Работник го прифати предлогот за раскинување на соработката. Клубот му се заблагодарува на Андон Бошковски за досегашната соработка и му посакува многу успеси во натамошниот дел од кариерата.