Пролет - Еурофарм Работник 26-24 (14-13)
Екипата на Пролет му го нанесе првиот пораз на Еурофарм Работник во Суперлигата. Екипата на Илија Темелковски славеше со 26-24, во натпревар во кој водеше во текот на сите 60 минути.
Пех за битолчани е и повредата на првиот голман Чаневски, а на спротивната страна Кимевски и одличниот Андоновски му пресудија на битолскиот состав. Избраниците на Илија Темелковски поведоа со 8-5, но битолчани преку левото крило Ојлески намалија н 8-7. Беше и 9-7 за Пролет, пред Работник со серија од 3 голови по промашувањата на домашните да поведе со 9-10.
Разиграниот Џонов и голманот Кимевски беа причина што Пролет и во вториот дел дојде до +3 (21-18). На 23-20 во 51 минута, па тренерот Бошковски мораше да побара тајм-аут. Андоновски го даде клучниот гол за победата на домаќините за 26-23, а на две минути до крајот, Кимевски го одбрани ударот на Чурлевски и веќе беше јасно дека победата останува во Скопке (26-24).
Домашната екипа постојано водеше, а разликата ја направи Ласко Андоновски, кој натпреварот го заврши со 9 гола крај своето име. Одлична поддршка имаше од Михаел Аларов, кој запиша 4 погодоци. Во поразениот состав на Андон Бошковски, единствена светла точка беше Гоце Ојлески со 12 гола.