Еурофарм Работник - Металург 32-22 (15-10)
Ракометарите на Еурофарм Работник во спортската сала „Младост“ го победија Металург Јуниор со 32-22 (15-10) и ја забележаа втората победа по онаа со Радовиш минатата сабота.
Најновото засилување Стефан Дрогришки дебитираше за новата екипа на средината од првиот дел и со два гола измами аплаузи од битолската публика. Гостите со Шилегов и Даниловски како главни алки до 18. минута парираше.
Потоа Еурофарм Работник заигра поангажирано во одбраната и со неколку лесни голови на Мајнов и Златко Мојсоски на полувреме замина со предност од 15-10.
Почетните минути од вториот дел го „скршија“ отпорот на скопјани. Ивановски на голот одлично бранеше, Чурлевски диригираше, а со свежи сили Бошковски го одржа високиот ритам. Така на крајот убедливо се радуваа ракометарите на Еурофарм Работник со 32-22.
Дрогришки и Златко Мојсоски со по 6 гол беа најефикасни во победничкиот тим, а одличен натпревар одиграа и Ојлески, кој беше автор на 5 гола и Трајковски кој постигна 4 гола. Димитриевски со 6 и Шилегов со 5 гола беа најистакнати во поразениот табор.
Оваа победа е трета во четири натпревари за финалистот на Купот.