23-годишниот македонски репрезентативец, Стефан Дрогришки во следните две сезони ќе го носи дресот на Еурофарм Работник. Клубот постигна договор со битолчанецот и ќе го регистрира за понатамoшниот тек на сезоната во Суперлигата и Челинџ Купот.
Дрогришки е продукт на школата на Пелистер, а во последните две сезони го носеше дресот на Металург. На последното Светско првенство во Франција, Дрогришки настапуваше за македонската ракометна репрезентација.
Дрогришки настапува на позицијата лев и среден бек и ќе биде од голема важност за екипата на Андон Бошковски.