Тренерот на Еурофарм Работник, Андон Бошковски од денес е шестиот македонски тренер со највисоката тренерска лиценца Master Coach, диплома што ја издава ЕХФ.
Гино Стрезовски, Данило Брестовац, Стевче Алушовски, Борче Марковски и Звонко Шундовски се останатите Македонци со највисока диплома.
Еурофарм Работник со Бошковски на чело новата сезона во Суперлигата ќе ја започне од второто коло, следниот викенд, заради потешкотиите на Младост од Богданци да се регистрира за настап во Суперлигата.