Суперкуп на Македонија
Вардар - Еурофарм Работник 30-25 (19-12)
Европскиот првак Вардар го освои првиот Суперкуп на Македонија, откако во натпреварот кој е најава за почетокот на сезоната во домашното првенство со 30-25 (19-12) го победи Еурофарм Работник. Фаворитската улога Вардар ја оправда дури и со комбиниран тим, дури и со многуте измени во седморката и играњето на оние што што поретко влегуваат во игра.
Иако настапи без Страхиња Милиќ, Лука Циндриќ, Игор Карачиќ, Вуко Борозан, Вардар доминираше во натпреварот. Голманот Даниел Ѓорѓески доби доверба да брани цел натпревар, а во второто полувреме тоа го добија и Тоше Ончев и Мартин Поповски.
Шишкарев, Кристопанс и Канељас со по 4 гола беа најефикасни во редовите на актуелниот европски првак.