Стружанецот Милорад Кукоски од денес е нов член на финалистот на Купот, екипата на Еурофарм Работник од Битола. Кукоски стави потпис на едногодишен договор со битолчани и со своето искуство ќе биде од голема корист за во периодот кој претстои.
Кукоски веќе играше за екипата на Андон Бошковски на тест мечевите со Прилеп и Железничар од Ниш, а сега ги доби и потребните документи и регистриран е за својата нова екипа. Првиот официјален натпревар за Еурофарм Работник му е денешниот Суперкуп на Македонија против Вардар во Скопје.
Клубот од Битола формира цврста база за во иднина и по Ојлески донесе уште еден репрезентативец. Исто така во Битола вратен е поранешниот младински репрезентативец, Филип Ивановски.