Ракометната Федерација на Македонија за првпат ќе организира Суперкуп на Македонија, а први во историјата силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и на Еурофарм Работник.
Шампионот и финалистот на Купот ќе се сретнат во натпревар за титула во вторник на 12 септември во 17.00 часот во салата во СЦ „Јане Сандански”.
Овој натпревар е увертира за стартот на новата ракометна сезона во Македонија, во која Вардар повторно ќе го прескокне првиот дел поради учеството во СЕХА-лигата.