Еурофарм Работник - Железничар Ниш 22-23 (9-13)
Еурофарм Работник загуби од Железничар од Ниш со 22-23 (9-13) во вториот пријателски натпревар игран претпладнево во спортsката сала „Младост“ во Битола.
Пак гостинските ракометари кои од самиот старт го презедоа водството, па на одмор заминаа со 9-13. Српскиот тим пред самиот финиш на мечот дојде во +5 (15-20), но битолчани уште еднаш докажаа дека се зрели за големи натпревари и со фантастична серија и преку искусниот Лазе Мајнов на 15 секунди израмнија (22-22). Сепак, во последната секунда одлучувачкиот гол го постигна Крсманчиќ и тимот на Јошко Петковиќ извојува важна победа (22-23).
Крстевски, Мојсоски и Мајнов со по 4 гола беа најефикасни за домашната екипа, додека кај гостите се истакнаа Спасиќ со 5 и Крсманчиќ со 4 четири гола. Битолскиот клуб своето деби во новата сезона на Суперлигата ќе го има во второто коло кога ќе му гостува на Охрид.