Битолски Еурофарм Работник забележаа очекувана победа против соседниот Прилеп со 37-29 (20-16) во контролен натпревар во спортската сала „Младост“. Во првото појавување на екипата на Андон Бошковски пред битолската публика во новата сезона, тестот беше успешен.
Чампар и Ковачевиќ првпат настапија пред битолската публика, а Шајин, Вешовски и Јовановски од новајлиите добија шанса од тренерот на Прилеп, Ице Соколески. Битолчани водеа од самиот почеток и не дозволија да бидат изненадени.
В петок во Битола ќе гостува Железничар од Ниш и ќе одигра два пријателски натпревари против Еурофарм Работник в петок од 18.00 часот и в сабота од 11.00 часот.