Ракометарите на Еурофарм Работник првпат оваа сезона ќе се претстават пред битолската публика. Во четири дена битолскиот суперлигаш ќе одигра три контролни натпревари.
Најнапред в среда од 17.00 часот екипата на Еурофарм Работник ќе се соочи со супeрлигашот Прилеп. Овој меч ќе биде прв дуел на екипата на Андон Бошкoвски пред почетокот на новата Суперлига. В петок и в сабота гостин на битолскиот клуб ќе биде традиционалниот српски клуб Железничар од Ниш. Екипата која ја води поранешниот селектор на Македонија, Јошко Петковиќ ќе се сретне со Еурофарм Работник в петок од 18.00 и в сабота од 11.00 часот. Потоа битолчани ќе бидат спремни за натпреварите за бодови, кои почнуваат следниот викенд.