Ракометарите на Еурофарм Работник денес заминаа за Маврово на централните подготовки за новата сезона. Екипата на Андон Бошковски таму ќе остане до 18 август и ќе ја мине најважната фаза за новата сезона.
Откако вчера Дејан Пецаковски го продолжи договорот со клубот, со сите планирани ракометари македонскиот претставник во Челинџ Купот ќе ја бруси формата за стартот на Суперлигата на 20 септември.
Попладнево Бошковски ќе го одржи првиот тренинг со екипата во Маврово по неколку дена тренинзи во Битола.