Со состанок и вечера минатата сабота и два тренини денес, РК Еурофарм ги започна подготовките за новата сезона. Првата фаза Андон Бошковски ќе ја одработи во Битола, па битолскиот суперлигаш ќе се подготвува во Маврово. Последната фаза е одигрување на тест натпревари како би се брусела формата за новата сезона која почнува во третата недела од септември.
Во својата прва сезона како суперлигаш, Работник заврши на петтата позиција во домашниот шампионат. Управата на клубот најнапред ги пополни испразнетите места кои ги оставија Барош и Адли со соодветно квалитетни ракометари. Гоце Ојлевски кој треба да го наследи најдобриот стрелец на екипата од минатата сезона португалското крило Барош, и младиот црногорски интернационалец Чампар кој ќе го менува Адли.
Тренерот Бошковски на располагање за следната сезона ќе го има речиси истиот состав од минатата сезона. Договорите ги продолжија Крстевски, Трајковски, Талевски, Петровски и Чаневски, додека младиот Чурлевски има важечки договор до 2018 година. Следеше продолжување на соработката со најискусните ракометари Златко Мојсовски и Лазо Мајнов со кои би се заокружил костурот на играчи за наредната сезона.
Еурофарм Работник наредната сезона за прв пат во својата историја ќе настапи во Челинџ Купот.