Ракометниот клуб Еурофарм Работник денес го претстави своето најново засилување, а тоа е хрватскиот интернационалец Лука Ковачевиќ. Постигнат е договор за едногодишна соработка и Ковачевиќ кариерата ќе ја продолжи во Македонија. Се работи за 197-сантиметри висок десен бек, кој доаѓа од Викинг Ставангер од Норвешка.
25-годишниот Ковачевиќ е дете на Замет, а во својата кариера настапуваше и за ОИФ Арендал Елите и за Викинг. Доаѓа како големо засилување и како втор странски новајлија ова лето по црногорскиот кружен напаѓаќ Чампар.
Со хрватската репрезентација до 18 години има сребро на Медитеранските игри и бронза од младинските Олимписки игри. Најголем успех во клупската кариера му е Куп-финалето со Замет во 2012 година.
Пред овој потпис битолскиот суперлигаш ги ангажираше Ивановски, Ојлески и Чампар.