Еурофарм Работник веќе го формира тимот за новата сезона 2017/18 со доведување на неколку нови имиња и продолжување на договорите со клучните ракометари. Денес, битолскиот суперлигаш објави дека и наредниот шампионат на крилната позиција нивниот дрес ќе го носи поранешниот репрезентативец Златко Мојсоски.
Стружанецот утрово во клупските простории се обврза на соработка за уште една сезона. Со искуството и квалитетот на Златко Мојсоски на позицијата десно крило, Еурофарм Работник ќе тргне во европски поход оваа есен.
Клубот вчера ја продолжи соработката со Фарук Мемиќ, претходно на верност се обврзаа скоро сите ракометари на кои што смета тренерот Андон Бошковски.