Дефанзивниот столб на Еурофарм Работник, Фарук Мемиќ потпиша нов договор со битолскиот суперлигаш и се обврза на договор до 2019 година. Искусниот Мемиќ е дел од екипата која предминатата сезона обезбеди пласман во Суперлигата и одигра добра сезона на патот на Еурофарм Работник.
Така, битолскиот клуб продолжува со реновирање на договорите со своите клучни ракометари и по Трајковски, Талевски, Крстевски и Петровски, го договори и останувањето и на Мемиќ.
За разлика од ланскиот состав, Еурофарм Работник остана без Адли и Барош, а ги доведе Чампар, Ојлески и Ивановски.