Ракометниот клуб Еурофарм Работник ги осигура услугите на младиот репрезентативец на Македонија во селекцијата на Илија Темелковски, Дарио Петровски. Битолскиот суперлигаш денес потпиша нов четиригодишен договор со ракометарот кој е изданок на школата на клубот.
Петровски одлично напредува и клубот го награди со продолжување на соработката. Со овој потег и ангажманот на македонски ракометари, Еурофарм Работник потврдува дека мисли на ракометната иднина во нашата земја.
Претходно Еурофарм Работник ги продолжи договорите со Талевски, Трајковски, Крстевски и ги доведе Чампар, Ивановски и Ојлески.