Суперлигашот Еурофарм Работник е најактивен на трансфер пазарот ова лето. Црногорскиот репрезентативец Марко Чампар му пристапи на македонскиот претставник во Челинџ Купот, обврзувајќи се на едногодишен договор. Чампар има 25 години, а во Македонија доаѓа од Сату Маре од Романија.
Марко Чампар е продукт на школата на Беране, играше и за Будванска ривијера, а се очекува да ги брани боите на Црна Гора на Европското првенство во Хрватска. Со доведувањето на кружниот напаѓач, Еурофарм Работник ја пронајде замената за Ашраф Адли, кој по една сезона си замина од клубот од Битола.