Искусниот голман на Еурофарм Работник, Градимир Чаневски го продолжи договорот со битолскиот суперлигаш за уште две сезони. Со тоа клубот ја покажа довербата која ја има во голманот и во иднина соработката ќе продолжи. Претходно Еурофарм Работник го доведе Филип Ивановски, кој дојде од Вардар Јуниор.
Чаневски зад себе остави одлична сезона во која има големи заслуги за остварените цели, пласманот во финалето на Купот на Македонија и првото излегување на меѓународна сцена на битолските „фармацевти“.
Минатата недела клубот ги продолжи договорите со Трајковски, Талевски и Крстевски, а го доведе и репрезентативецот Ојлески.