Битолски Еурофарм Работник не престанува со засилувања ова лето и денес го официјализира и второто ново име за новата сезона. Клубот кој играше во финалето на Купот на Македонија, го ангажираше младинскиот репрезентативен голман Филип Ивановски.
Поранешниот голман на Вардар јуниор се враќа во Битола и стави потпис на двегодишен договор со Еурофарм Работник. Заедно со останатите млади голмани клубот сега има уште една комбинација за важната голманска позиција.
Еурофарм Работник најавува доведување на уште еден ракометар на надворешните позиции и кружен напаѓач.