Откако утрово го официјализираше трансферот на Гоце Ојлески, македонскиот претставник во Челинџ Купот, Еурофарм Работник осигура останување на уште еден ракометар со репрезентативен статус.
Младинскиот лев бек и потенцијален репрезентативец кај Раул Гонзалез, Горан Крстевски по една сезона на позајмица од Металург, сега доби перманентен договор со Еурофарм Работник.
Крстевски се обврза на договор на две сезони со кои ќе остане и ќе му помогне на битолскиот клуб и во борбата во Европа.
Во наредните неколку дена клубот од Битола ќе официјализира продолжување на соработката со уште неколку ракометари.