Репрезентативното крило Гоце Ојлески е првото големо засилување на Еурофарм Работник. Стружанецот се договори со клупската управа и се враќа во Македонија по периодот поминат во Романија во дресот на Одорхеи.
Ојлески ќе биде замена за Серхио Барош, кој си замина на истек од договорот. Репрезентативецот потпиша договор на две години како нов член на битолскиот суперлигаш. Со ова започнува преодниот рок на Еурофарм Работник во кој се предвидени неколку засилувања и обновувања на договорите на клучните ракометари. Екипата со подготовки ќе стартува во август во Битола.