Суперлигашот Еурофарм Работник ја информира јавноста дека на истек од договорите со клубот, заминуваат Португалецот Серхио Барош и Мароканецот Ашраф Адли.
Двајцата имаа одлична сезона во дресот на битолскиот клуб и во името на сите структури и навивачите, Еурофарм Работник им се заблагодарува за ангажманот и професионалноста.
Клубот им посакува многу успех и на двајцата во новите средини.